Курсеви за предучилишна возраст
Курсевите за предучилишна возраст се наменети за деца од 4 и 5 години. Децата за првпат се запознаваат со латиницата преку песни, игри, глума и најразновидни работилници и постепено ја поттикнуваат својата креативност развивајќи интерес и љубов кон странскиот јазик.
Главни карактеристики
- Изучување на англиски, германски, француски или италијански јазик.
- Времетраење на наставата: 45 минути, 2 пати неделно, 8 месеци.
- Наставата се изведува со сликовити учебници прилагодени за најрана возраст од специјализираната програма на Универзитетот Оксфорд.
- Часот е исполнет со хармонија и песна со дополнителни материјали и помагала за интерактивно вклучување и постепено изучување на странскиот јазик.
- Термини: понеделник и среда или вторник и четврток.