Нашата цел е да инспирираме интерес за развој и учење на странски јазици кај деца од предучилишна и училишна возраст, млади и возрасни. За да ја постигнеме оваа цел на најоптимален начин Ангел Вес обезбедува пријатна и позитивна атмосфера со професионален пристап која ќе ве поттикне да ја совладате уметноста на зборување, слушање, пишување и размислување на странски јазик.

Она што не издвојува од другите училишта е нашиот пристап и посебно внимание кон индивидуалниот стил на учење на секој ученик. Ангел Вес применува методи на настава базирани на вокабулар, граматика, прагматика и култура.

Секојдневно применување на различни методи на предавање ви помагаат да ги совладате и развиете сите јазични вештини. Со овие методи ве инспирираме да го засакате странскиот јазик, поттикнувајќи креативност во начинот на размислување и релативно брзо усвојување на новиот јазик.

Наставен кадар

Наставниот кадар се одликува со исклучителна стручност, компетентност и посветеност на работата и грижа за секое дете или ученик од друга возраст. Сите професори се дипломирани и акредитирани како од македонските така и од странските институции. Нивната посветеност и мотивираност ги води кон понатамошни професионални успеси.

Ангел Вес